Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Премиера на „No Time to Die“: Кејт Мидлтон заблеска на црвениот тепих

Сцена

Премиера на „No Time to Die“: Кејт Мидлтон заблеска на црвениот тепих

Премиера на „No Time to Die“: Кејт Мидлтон заблеска на црвениот тепих

Во Лондон синоќа се одржа премиерата на најновиот филм за Џејмс Бонд насловен како „No Time To Die“.

Кејт Мидлтон го „украде“ целото внимание на премиерата со долгиот златен фустан кој е креација на Џени Пекам.  Војвотката присуствуваше заедно со сопругот принцот Вилијам, како и принцот Чарлс и Камила.

-Изгледате навистина прекрасно -ѝ рекол Даниел Крег, импресиониран од нејзиниот изглед.

Филмот „No Time To Die“ (“Не е време за умирање“) ја имаше својата светска премиера 18 месеци подоцна од планираното, по неколкуте одложувања поради пандемијата на Ковид-19.

На црвениот тепих на светската премиера на филмот зачекорија актерите Даниел Крег, Рами Малек и Лашана Линч кои се појавуваат во главните улоги. Покрај нив појавување на премиерата имаа и останатите актери од филмот Ана де Армис, Леа Сејду, Наоми Харис, како и музичката ѕвезда Били Ајлиш.

-Пред една година ова се чинеше како сон, не мислевме дека филмот некогаш ќе излезе. Големо олеснување е да се биде тука. Се надевам дека филмот ќе ги врати луѓето во киносалите и дека оваа прекрасна професија ќе опстане. Измешани ми се чувствата, но неверојатно сум горд на тоа што сработивме и постигнавме. Секако дека чувствувам и тага, горд сум на Бонд, но мора да продолжам понатаму – рече 53-годишниот актер за петтото и последно појавување на Крег како тајниот агент.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.