МК Сцена
ПРЕМИЕРА: Погледнете го новиот спот на Теа и Панчо за песната „Рушевини“
Младата и атрактивна пејачка Теа оствари соработка со Панчо за најновиот хит „Рушевини”.
Се чини дека нејзиното време допрва доаѓа. По дипломирањето на Музичката академија, Теа одлучи комплетно да и се посвети на музичката кариера.
По „Ехо”, „Доста глумиме”, „Можеш ли без мене”, „Ми треба малку време” следи одличната „Рушевини” за која се снимаше и спот во соработка со Томато продукција.
Текстот на песната е на Теа и Панчо, а музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски. Ова е прва соработка меѓу Теа и Панчо, а резултатот останува да го слушнете сами.
Со „Рушевини” Теа го најавува и својот прв албум кој треба да излезе оваа 2017 година.
Спотот беше сниман во студиото на Томато продукција, а Теа и Панчо одлично се забавуваа за време на снимањето во опуштена и релаксирана атмосфера. За спотот Теа соработуваше со дизајнерскиот бренд Мустела Ермин и со Дарко Петковски, а Панчо носеше модели на Jack & Jones.
Во спотот, чија премиера е закажана за во четврток, 02.03 ќе ја видите Теа во малку поинакво издание- дива, секси и нескротлива!
Уживајте!