Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Претставата „Дамите бираат“ ја зовре атмосферата во Аеродром

МК Сцена

Претставата „Дамите бираат“ ја зовре атмосферата во Аеродром

Претставата „Дамите бираат“ на Алтетеатар од Сараево, вчера, 21.6.2015 година, на отворената сцена на игралиштето во фудбалското игралиште до детската градинка „Сонце“ во Реонски центар „Аеродром“ во рамки на вториот по ред Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ буквално ја крена бројната публика на нозе.

Групата невработени млади момчиња од „Дамите бираат“, кои преку оглас бараат вработување, го прифаќаат предизвикот за танцувачи во диско-клуб и почнуваат макотрпно да вежбаат со нивната тренерка, зовривајќи ја и атмосфеарата во публиката во Аеродром.

Со префинет хумор, следејќи ги ликовите од идејата за стриптизери до нејзината конечна реализација, претставата ја поведе публиката низ возбудливи сцени преполни со кореографски секвенци, држејќи ја напната атмосферата до самиот крај.

Денеска, 22.6.2015 година, на репертоарот е современата комедија „Спанаќ со пржени компири“ од велешкиот театар, која ги третира современите проблеми на обичниот човек и ги опишува проблемите, со кои се соочуваат тројца фудбалски судии за време на еден натпревар. Утре, пак, на ред е комедијата на струмичкиот театар „Шума“.

Dame biraju 21.6 (160) (1)

Инаку, претставите почнуваат во 21:00 часот, а влезот е бесплатен

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.