Сцена
Принцезата Шарлот појде во градинка, светот воодушевен од фотографиите (ГАЛЕРИЈА)
Прицезата Шарлот појде во градинка! Денеска медиа тимот на Кралската палата објави фотографии од слатката принцеза од денот кога таа за првпат ја посети градинката во близина на Кенсингтонската палата.
Таа пред објективот на нејзината мајка, војвотката Кетрин, позираше облечена во бордо палтенце и обувки во иста боја, но и со неодолива радосна насмевка.
Инаку, Шарлот се роди на 2 мај 2015 година, што значи дека таа во градинка тргнува на 2 и пол години.
2017 беше навистина радосна за кралското семејство, затоа што тие напролет го очекуваат раѓањето на своето трето дете.