Сцена
Принцот Хари и Меган Маркл првпат во јавност како двојка
Принцот Хари (33) и Меган Маркл (36) вчера попладне се појавија на „Инвиктус“ игрите во Торонто, што е нивно прво појавување во јавност по едногодишната врска.
Додека седеа заедно со децата на трибините, постојано се смешкаа и си шепотеа.
Двајцата присуствуваа на отворањето на Игрите, но тогаш седеа одвоено. Досега избегнуваа да се појавуваат заедно во медиумите, зашто, како што вели Меган, сакале да уживаат во заедничкото време.