Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Проектот „Правда“ ги обедини студентите по драмски уметности од регионот

ФОТО: ЕМИЛИЈА МАНЕВСКА

МК Сцена

Проектот „Правда“ ги обедини студентите по драмски уметности од регионот

Со омнибус-претставата „Проект: Правда“ на студентите на факултетите за драмски уметности од екс-ју државите и романската „Мртва точка“, вчеравечер беше затворен Младиот отворен театар.

„Проект: Правда“ е омнибус-претстава на студенти од драмските академии од Скопје, Загреб, Љубљана, Белград, Сараево, Нови Сад и Цетиње. Студентите пред публиката во Скопје ги изведоа седумте драмски текста на тема правда: „Печат“, „Чепкалка“, „Шах-мат, љубов моја“, „Зафркавање“, „Попокатапетл“, „Терапија“ и „Тука сум, Брехт“.

Студентите минатата година работеле заедно на целосно создавање на комплетната претстава, од креирање на драмски текстови, до режија, актерска игра и продукција и организација на настапите.

– „Беше распишан конкурс за краток драмски текст, до десет страници на тема правда и на наше големо задоволство од многуте пријави кои беа разгледувани од страна на меѓународно жири беа избрани седум коишто понатаму беа доработувани со цел да се создаде овој омнибус. Интересно е тоа што секој студент по режија одбра текст од студент од друга академија, кој ќе биде одигран од студенти од трета академија. И кога сите тие фази беа завршени, целата екипа се собра во Загреб, на нивниот фестивал „Краду“, каде и официјално беше презентиран овој проект.“ – вели Зоја Бузалковска, професор во ФДУ и координатор на проектот за Македонија.

Претставник од Македонија во театарскиот омнибус е претставата „Шах мат, љубов моја“ на младата авторка Мила Јовановиќ, која го сподели искуството од овој проект.

– „Финалниот продукт го гледавме во Загреб на 6-ти април, во организација на иницијаторите на целиот проект, односно Академијата за драмски уметности во Загреб. Тоа што се случи таму беше првата наша генерална проба, каде видовме еден груба слика од целината. Зрелоста ја видов токму на МОТ, а верувам и ќе биде уште подобро и на BITEF во Белград, а понатаму и на MESS во Сараево. Можам најпосле да кажам дека веќе сме природни и свои, не брзаме никаде, освен да фатиме превоз за да играме на друго место и постепено се усовршуваме. Не се сомневам ни дека ваков гигантски проект веќе поттикнал идеи за што повеќе вакви соработки. И би било штета да остане само на ова. Чест ми е што имав можност да се запознаам и соработувам со најразлични луѓе од мојата бранша, од почетници до професионалци. Сепак, не е мала работа да добиеш можност да се промовираш како автор и ми е посебно драго што успеав да започнам од некаде.“ – вели Јовановиќ.

14466366_10153715677125947_6649859_o-2

Инаку, денеска во Универзална сала беше изведена и последната претстава на МОТ, „Мртва точка“ на театарот „Тома Карагиу“ од Плоешти, Романија.

На 41. издание на Младиот отворен театар беа поставени 14 претстави, а гостуваа театри од Србија, Романија, Косово, Словенија, Унгарија, Бугарија, Чешка и Романија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.