Промо
Пролетниот Моден викенд Скопје со поддршка против насилството врз жените
Инспирирани од кампањата „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата –сега ! “, младите дизајнери Алмир Мили и Ивана Цветковска креираа маички кои ќе бидат презентирани во рамките на Моден викенд Скопје кој ќе се одржи од 1 до 5 април.
Покрај Моден викенд кој се приклучи кон кампањата на Канцеларијата на УНДП во Скопје, својата поддршка ја дадоа и Индира Кастратовиќ, Наташа Петровиќ, Милена Антовска, Лабина Митевска, Ана Јовковска и Вера Милошевска кои ќе се појават во ексклузивен едиторијал на 8 април во списанието Теа Модерна кое е медиумски покровител на проектот . Фотографиите од фотосесијата ги направи Марко Марковски.
Пролетното издание на Моден викенд Скопје почнува со моден маскенбал на први април во клубот Станица 26. На трети април во петок, почнува ревијалниот дел кој ќе се одвива три дена во катната гаража „Солунски когрес“ и ќе го отвори ревијата на Росица Мршиќ , додека за време на викендот ќе ги видиме ревиите на студентите од Факултетот за Арт и дизајн при ЕУРМ, Evee by Ivana Cvetkovska, Алмир Мили, Флутура Дедиња, Ирина Тошева поддржана од My:time, Венера Мустафа, Јована Марковиќ, ФА-БУ, модната куќа Менакон (со модели достапни во Adora For You во Тетово), Linea collection, Дејан Тодоровиќ и модната куќа Hera Couture .
Единаесеттото издание ќе го затвори модниот перформанс на Олгица Ѓеоргиева во соработка со Prima Danza.
Посетителите ќе ги видат и изложбата на професорите од ЕУРМ наречена АРТЕРИЈА-АНТЕРИЈА, модната инсталација на Fashion Group Македонија во соработка со блогерката Јована Зука и меѓународната фото-изложба „Модата и културното наследство“ организирана од Британски совет во Македонија и Британскиот моден совет. И овојпат по ревиите ќе се одржуваат Red bull – забави во кафулето Concept 37.
Во продолжение, на 17 април во скопската винарија „ Камник“ ќе биде прикажана најновата колекција на MCouture by Mila Kadriu.
Официјален партнер за фризура на единаесеттиот Моден викенд Скопје е „Lakme“ во соработка со „Бубе Студио Ин“ , официјален партнер за шминка – Manhattan, официјален партнер за убавина е „Cosmo“ во соработка со „Clarins“ и „Shiseido“ а официјален парфем на пролетното издание е Ortensia- од природата за жената со стил, на италијанскиот бренд L’Erbolario. Официјално кафе на настанот е Attibassi за кое преку специјален проект модната дизајнерка Искра Џокиќ и графичката дизајнерка Анита Гај осмислија нов изглед за дизајн на шолја која што ќе биде limited edition и ќе се приклучи на веќе постоечките колекции.