Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пролетта доаѓа со 15 сезона на Моден викенд Скопје!

МК Сцена

Пролетта доаѓа со 15 сезона на Моден викенд Скопје!

На 31 март во салонот „Порше Македонија“ ќе биде отворено петнаесеттото јубилено издание на Моден викенд Скопје, кое ќе трае до 2 април под мотото „Pure individuality“.

Сезоната пролет-лето 2017 ќе ја отвори ревијата на Јована Филиповиќ со колекцијата за пролет/лето 2017 која претставува омаж на соработката која започна пред точно пет години, помеѓу Филиповиќ и „Пелистерка“. Потоа публиката ќе ја види најновата колекција на уникатен италијански накит на „Sigma Jewelry“ под слоганот „Пролет е време за убави нешта“. За прв пат на Моден викенд Скопје ќе ја видиме Емира Имери со колекцијата “Heyoka” за пролет-лето 2017 година. Вечерта ќе ја заокружи колекцијата на „Alshar“ под името “Out od Africа“.

Веднаш по ревиите на истата локација- „Порше Македонија“ од 22: 30 часот посетителите ќе го дочекаат 1 април на забава .

Втората вечер ќе започне со групната ревија на 15 студенти од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет Р. Македонија, наречена „Шик-шок-ефект“. Ќе следува ревијата на „Linea collection“ со колекцијата составена од линиите: Botanique, Fragmented Feeling, Playful Transparents, Pure and Fresh и Urban Nomads. За прв пат на Моден викенд Скопје ќе се претстави „Atelier Kocareva“ со колекцијата „ History is written by the winners“ а потоа и „Marsin“ со колекцијата „Bond lady“. За крај на втората вечер ќе ја видиме најновата колекција на Ирина Тошева која како што вели дизајнерката „има за цел да ја подигне јавната свест за актуелно насушната потреба за грижа кон животната средина и покажување поголема љубов кон природата“.

Последната вечер на 2 април публиката ќе ги види „Walon fashion group“ со колекцијата „Plumes et Perles“, ревијата на „Paolo Bocelli“ и нивната колекција за актуелната сезона која е фузија помеѓу урбан гламур и класичен и кежуал дизајн, Сара Реџиќ и „Elize“.

За крај на петнаесеттиот Моден викенд Скопје ќе ги видиме тројцата избрани финалисти од неодамнешниот натпревар „Fashion Scout SEE“: „Victor Kaiser“, „Shaleva Couture“ и „Ана Марија“. Тие најпрвин ќе заминат на белградската модна недела на 28 март, кадешто ќе се одбира најталентираниот балкански дизајнер кој потоа ќе има ревија на модната недела во Лондон во септември годинава.

Студентите кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од „Институтот за дизајн и инжењеринг на текстил“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, ќе ги презентираат своите дизајни во три фази, од кои првата е изложба на Моден викенд Скопје. „Водени од оваа тема ќе развиваат идеи налик на трансформација на пеперутка, или можеби некој друг организам“, вели Георгиева.

Наскоро, по петнаесеттиот Моден викенд Скопје, ќе биде презентирана „Leather by Us”, колекција која е плод на заедничката соработка помеѓу „MCouture by Mila Kadriu“ и Викторија Арсовска за ” Renovelur”.

Насловната на која се заштитните лица моделите Симона Ангеловска, Ања Шарановиќ и Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум“, направена на терените на коњичкиот клуб „Дона“ во Радишани, ја потпишува Јована Зука. Графичкиот дизајн е на Дејан Зафировски.

„Теа Модерна“ како еден од медиумските покровители на настанот, и оваа сезона ќе одбере најдобар дизајнер на петнаесеттиот Моден викенд Скопје според нивната редакција, и ќе му обезбеди насловна страница и интервју во едно од своите изданија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.