„Без компас“: Марко и Бомбакис со нова емисија
На македонската сцена се подготвува нова емисија под наслов „Без компас“ каде во главни улоги, односно водители ќе влезат Марко Новески и Кристијан Станковски или подобро познат како „Бомбакис“.
Емисијата ќе биде од забавен карактер каде гости ќе им бидат имиња од домашната, но и балканската сцена.
– „Многу сум среќен што оваа година ќе ја завршиме со една убава мисла, со нова креација која постепено, но сигурно влегува во реализација, па морам да кажам дека навистина ми е предизвик да бидам дел од еден ваков проект и тоа заедно со легендарниот Марче“, вели Бомбакис, а Марко додаде: „Исто и мене ми се засили желбата за нова идеја и емисија. Мислам дека вакво нешто многу недостига на нашата сцена и ќе направи простор да има секој по нешто убаво да си каже, а верувајте ми и да се насмее. Со нас двајца и не може поинаку да се помине“, вели Марко.
Ток шоуто ќе трае еден час каде публиката освен што ќе има можност да ги запознае водителите од еден поинаков агол и да дознае некои интересни факти за познатите, ќе може да ужива и во изведбите на најдобрите македонски песни придружени од бенд.
Повеќе информации многу наскоро.