Данијела Мартиновиќ викендов со два концерта во Скопје
Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ по повод денот на виното и љубовта ќе одржи два концерта.
Концертите ќе се одржат во интимниот амбиент на Македонскиот народен театар на 14 и 15 февруари. Данијела Мартиновиќ ќе настапи во Скопје со проектот „Неописливо“ како дел од балканската турнеја и за првпат ќе се претстави пред македонската публика како автор. Ќе ги отпее нејзините најголеми хитови во поинакви аранжмани од вообичаено, но и ќе промовира поезија.
Концертите во организација на Евентум ќе биде искуство за публиката која низ двочасовната програма навистина ќе ја доживее Данијела и нејзината музика на еден нов, различен начин.