Промо
Девет дена не излегов од соба на одмор: Игор Џамбазов во Еден на Еден (ВИДЕО)
Игор Џамбазов се враќа во новогодишната Еден на Еден со Жаре, во недела, од 18.30 на Канал 5. Омилениот актер и шоумен искрено раскажа како му поминала цела година, работно и приватно.
Џамбазов периодов поретко оди во Стојаково и во Слепче, но затоа Дојран е неговата нова база.
„Јас сум дојранчанец со привремена работа во Скопје“, му рече Игор на Жаре. Дојран му е омилен, но Џамбаз е еден од ретките кој речиси никогаш не оди на одмор во Грција.
„Пред многу години во „Супер Бинго“, едно семејство доби награда – летување со Игор Џамбазов во Грција. Се избањав првиот ден со нив, се сликав, потоа од соба не излегов девет дена“, е само една од приказните на Џамбазов.
Во дел од нив му асистираше и неговиот стар другар Гуру Харе. Игор и Гуру Харе бендот се добро позната музичка екипа, па ни оваа Еден на Еден нема да помине без нивните песни. Малку повеќе од она што нѐ очeкува во недела, погледнете во најавата.