Промо
ФХ3Х во третата сезона на Star Trek Discovery
По успешната соработка на првите две сезони од серијата Star Trek Discovery, ФХ3Х ја заврши работата на третата сезона, во која работеше од четвртата до тринаесеттата епизода.
Третата сезона на оваа популарна американска серија го следи екипажот на USS Discovery во авантури во иднината, скоро еден милениум по настаните во оригиналната серија. Оваа сезона е во продукција на CBS Television Studios и започна со премиерно прикажување на CBS на 15ти октомври 2020, а ќе се прикажува нова епизода секоја недела до 7ми Јануари 2021 година. Во октомври оваа година беше најавена и четврта сезона.
Овој проект ФХ3Х веќе три сезони го потпишува како одговорна за визуелните ефекти, а годинава на одјавната шпица, покрај ФХ3Х и Канадскиот филмски фонд за подршка, се појавува и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, за продукциската поддршка. Ова е прв пат Агенцијата за филм да се потпише на проект од највисоката А продукција и самото појавување ќе привлече многу внимание во Холивудските продукциски компании.
„Оваа сезона на „Star Trek Discovery е прва серија која речиси целосно се прави со визуелни ефекти, а чија пост-продукција се правеше во услови на светска пандемија. При тоа, уште од самиот почеток во ФХ3Х, благодарејќи на нашиот ИТ тим, успешно беше аплициран системот за даличинско работење кој ги задоволува високите стандарди барани од Холивудскте продукции. Со ова нашите вработени можеа да работат од дома без да се изложуваат на дополнителни ризици.
Вообичаено, визуелните ефекти за една епизода се изработуваат за 10 месеци, но заради пандемијата работата траеше подолго, особено што заради прекинот на снимањата некои кадри беа комплетно изработувани компјутерски, за да се исполнат барањата на продукцијата„, изјави Миливоје Ѓорѓевиќ, ко-основач на ФХ3Х.