Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„ХОМО“ на Игор Иванов – Изи со уникатна премиера на кровот на ГТЦ (ФОТО)

Промо

„ХОМО“ на Игор Иванов – Изи со уникатна премиера на кровот на ГТЦ (ФОТО)

Долгометражниот игран филм „ХОМО“, под режисерската палка на Игор Иванов – Изи и во продукција на Скопје Филм Студио, вчеравечер ја доживеа македонската премиера во рамки на овогодинешното издание на Фестивалот на Европски Филм “Синедејс“.

“ХОМО“ беше прикажан како филм за затворање на Фестивалот, а неговата премиера се одржа на кровот на Градскиот Трговски Центар во Скопје.

“ХОМО е приказ на нашето општество во кое се доведени во прашање примарните човечки вредности. Станува збор за “корална“ структура сочинета од 6 индивидуални приказни за 6 карактери од Скопје, чии животни судбини се испреплетуваат по играна случајот. Во нив сме отсликани ние, луѓето денес, овде и сега… Хомо е наш печат, наш белег во времето.“ – изјави Игор Иванов – Изи, режисер на филмот.

“Ова е филм за нашата генерација и времето во кое живееме. Финалниот продукт кој македонската публика имаше можност премиерно да го погледне е резултат на посветена работа во која, предводена од Скопје Филм Студио учествуваа продукции од 5 земји. Можам да кажам дека сум задоволен од работата на сите филмски професионалци, актери и од голема меѓународна екипа.“ – изјави Томи Салковски, Продуцент на ХОМО.

Филмот ‘ХОМО“ наскоро ќе биде дел од редовниот кино репертоар.

This slideshow requires JavaScript.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.