Промо
Кога последен пат сте ја играле оваа игра?
Ако имате 20 години, сигурно сте ја играле до пред 10 години, но интересно е дека ја играле и оние што сега имаат по 50 или 60 години. Нема возрасен човек што не ја играл оваа игра, наједноставна, најчесто играна и најзаразна.
Ви текнува за која игра станува збор? Играта е плочка. Се потсетувате на шемата, 1,2,3 одмори на 4 и 5, скокни на една нога на 6 и 7, одмори на 8 и 9 и поентирај преку центарот. Во некои градови може да се сретне и под друго име, на пример во Охрид е куцана, во Прилеп – куцкамен, во Тетово е дама, во Кавадарци е кралица, а во Битола е царица. Како и да е наречена, исто како и името и играта е плод на детската фантазија.
Можеби денешните деца, затворени во нивниот дигитален сајбер свет, не ја знаат оваа или многу други игри што нивните родители, некогашните деца секојдневно ги играле. Сите се сеќаваме на играта „народна“, или пак „џамија“, како сме трчале по топката или сме го барале најскришното место при играта „криенка“. Ако играњето „ластик“ беше повеќе игра за девојчина, „вистина или предизвик“, е игра при која се разгоруваа најжестоките дебати кој е во право а кој не.
Сите овие игри покрај слободата на играње на отворен простор и во големо друштво, во нив се споени придобивки за развивање на повеќе психофизички вештини кај децата. Ги поттикнуваат социјалните вештини, ја развиваат креативноста, дивергентното размислување. Со играњето на овие игри кај децата телото се развива правилно, се зацврстуваат мускулите, се развива рамнотежата и уште многу други предности.
Но, покрај тоа, за денешните возрасни самото спомнување на некои од овие игри е будење на спомени, враќање во детството и секое наидување на некоја шема за играта плочка, нацртана во некое маало или уличка, ве тера да потскокнете и да бидете повторно дете.
Затоа без разлика на годините и без разлика кога последен пат сте ја играле, нацртајте ја шемата и покажете му на вашето дете како се игра. Искомбинирајте го моментот со уште еден поттик на будење на детските спомени, земете чоколадно млеко и заедно со вашето дете создадете уникатни мигови на среќа и задоволство на што ќе се сеќавате и по години. Богатиот млечно чоколаден вкус на Моја кравица ќе го поттикне враќањето во детските денови и ќе го дополни овој скапоцен момент на заедничка детска радост и среќа.