Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЛЕТЕН ХИТ: Таско и Лина Пејовска со „Неваљала“ ќе го освојуваат Балканот (ВИДЕО)

Промо

ЛЕТЕН ХИТ: Таско и Лина Пејовска со „Неваљала“ ќе го освојуваат Балканот (ВИДЕО)

Балкански хит со српски рефрен – „NEVALJALA“ на нашите Таско и Лина Пејовска издадена од “IDJ VIDEOS”

Нашиот суперстар Таско до сега сме го гледале во соработка со многу машки трап изведувачи како Два Бона, Слаткаристика, Тракер, Фокс Бранко од Србија и Инас од Босна.

Но, сега за првпат во дует со женски артист и тоа не со било кој, туку со нашата позната пејачка која јасвноста ја запозна на српските „Пинкови ѕвездички“ – убавата, ултра талентирана и харизматична Лина Пејовска.

За оваа соработка Лина ни изјави: „Снимањето на спотот помина топ лудо и незаборавно, а како би било поинаку кога снимаш со Таско и со екстра добра екипа. Идејата за заедничка песна со Таско дојде спонтано како што настана и нашата дружба. Подолго време бевме на идеја за нешто интересно и еве тоа и се оствари. Се надевам ќе им се допадне на сите, а песната може само да кажам дека „ЌЕ ГРМИ“!

Песната е со српски наслов и се вика „Неваљала“ за која музиката и текстот ги напиша Таско, инструменталот е на Алекс познат- „Beat maker“ од Шведска, а миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.

Спотот е во режија и монтажа на Гордан Божиновски, во организација на Борис Тасковски, а сниман е во соработка со „Artistic Production“. Се снимаше во два сета од по 8 и 14 часа на две локации, во индустриска зона во Велес и на кулите Џевахир во Аеродром Скопје.

Инаку Урбан Рекордс е првата продукција од Македонија што потпиша партнерски договор со лидерите во регионот за медиумска промоција и дигитална продажба и дистрибуција „IDJ Digital” од Србија. Тоа значи дека ексклузивно и за прв пат наши изведувачи се промовираат на нивниот музички видео канал „IDJ VIDEOS”.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.