Музички подарок од Бобан Цаневски – преработка на „Љубена“ од Тоше Проески
Пејачот Бобан Цаневски, по повод денот на виното и љубовта, направи преработка на прекрасната балада „Љубена” од Тоше Проески.
Оваа преработка, за која музиката своевремено ја направи маестро Симон Трпчевски, а аранжманот Живоје Глишиќ, е снимена во Д.Р.Д. медија.
Цаневски наскоро најавува и голем музичко проект со неколку звучни имиња од поп и народната сцена.
Во продолжение уживајте во денот со преработката на „Љубена”.