Наташа Беквалац ја стартува летната концертна сезона во Скопје
Поволната епидемиолошка состојба со коронавирусот во нашата земја ни донесе нов почеток на летната концертна сезона!
Прва мразот ќе го скрши Наташа Беквалац, на концерт под отворено небо пред А1 арената, оваа сабота на 26 јуни, со почеток во 21 часот.
Со нејзините добро познати хитови и сценски перформанс ветува неверојатна атмосфера која долго ќе се памети.
Концертот ќе започне во 21 часот, а картите кои се во строго лимитиран број, може да се купат онлајн на www.karti.com.mk или во Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2.