Промо
Нема правда, има Бубамара! – најавено новото издание на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“
РАДИО БУБА МАРА го обзнани слоганот за престојното 23 издание кој гласи: Нема правда, има Бубамара!
Во пресрет на 23 издание на нашата најпопуларна манифестација ,од штабот на Златна Бубамара ни порачуваат:
Драги наши преживеани граѓани и доживотни политичари ,
Нема правда, има Бубамара !
Имаме милион и пол причини да дојдеме и заедно да уживаме со најголемите музички, спортски, филмски, театарски и медиумски звезди
Нашиот бројчаник врти напред , а кај некои други од позади
Дојдете со вашите ташни, раситнете ја стотката и се ќе биде ОК!
Во меѓувреме слушајте лажни вести и дишете еколошко гориво..
Рочиштето е закажано во четврток 27. февруари во Арена Борис Трајковски
Нема правда, нема пара, ама има Бубамара!
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од наредната недела,преку www.mktickets.mk и на уште едно продажно место за кое ќе има точна информација наредната недела.
Како и секоја година интересот за билети е преголем како и секоја година кога билетите беа продадени за само 45 минути.
Настанот ќе се одржи во Арената БОРИС ТРАЈКОВСКИ на 27. февруари 2020 година