Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Охрид-фест – Охридски трубадури“ распишува конкурс за нови композиции за јубилејното 30-то издание

Промо

„Охрид-фест – Охридски трубадури“ распишува конкурс за нови композиции за јубилејното 30-то издание

Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ ја прославува својата 30-годишнина. Фестивалот ќе се одржи на 1 и 2 септември на најубавата сцена на Балканот, Долни Сарај во Охрид.

Фолк вечерта ќе се одржи на 1 септември, каде покрај новокомпонираните фолк песни од нашата земја, ќе учествуваат и странски автори од регионот и пошироко. Интернационалната вечер е закажана за 2 септември, каде ќе бидат претставени нови композиции на македонски јазик.

Соочени со константен недостиг на млади пејачи и годинава фестивалот дава голема подршка на дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 30-то издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“, и во Фолк и во Интернационалната вечер.

Ова е извонредна шанса за промоција на дебитантите, бидејќи „Охрид фест“ го следат повеќе од 15 телевизии од Балканот. На истата сцена, во 1998 година Тоше Проески ја испеа „Усни на усни“ и го започна својот блескав пат.

За да учествуваат, авторите мора да испратат демо-снимка и текст на македонски јазик со наслов на композицијата и назнака за која фестивалска вечер е наменета песната (Фолк, Интернационална).

На конкурсот можат да се пријават сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството, а рокот за поднесување на пријавите е 1 јуни 2023 година.

Своите композиции авторите треба да ги испратат на следните адреси: [email protected], [email protected] и [email protected]

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.