Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Пајак“ – Миленикот на младата генерација со промоција на новиот хит „НОЌВА”

Промо

„Пајак“ – Миленикот на младата генерација со промоција на новиот хит „НОЌВА”

Откако влезе под капата на „Урбан Рекордс“ продукција, младиот и талентиран Пајак непрекинато работи на многу нови проекти и е доста продуктивен изминатите три месеци.

Така веднаш во месец мај ја издаде песната „Dark Side“ – која со два милиони прегледи поминува одлично. Потоа во јуни следуваше „Крај“, а веќе денес ја промовираме „Ноќва“, сите издадени со видеозапис.

„Ноќва“ е нумера во трап стил за која музиката и текстот се на самиот Христијан Настески – Пајак, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.

Режисер на спотот е Гордан Божиновски во соработка со Artistic Production и Digitalbox. Се снимаше на повеќе локации, вечерно низ скопските улици и дел во Охрид.

Во продолжение новиот видео запис за „Ноќва“, која веќе се наоѓа на трендинг позиција на јутуб и се надеваме дека и таа ќе допре како и останатите и ќе остави важна порака на публиката.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.