Промо
ПРОМОЦИЈА НА „НЕЗАБОРАВНИ“: Биба Додева се враќа на сцената со преработени македонски евергрини (ГАЛЕРИЈА)
Во бројно присуство на колегите, соработниците, пријателите и новинарите вчеравечер Биба Додева го промовираше новиот албум „Незаборавни“, своевидно и единствен промовиран музички албум во Македонија оваа 2020 година.
Како што вели таа, имале тешка задача заедно со Владимир Дојчиновски, кој се појавува како соработник на Додева во албумското издание, да ги одберат песните од 1962 до 2002, од огромната македонска музичка ризница кои се појавуваат на ова ЦД издание.
На проектот се работело повеќе од една година, а како гости се јавуваат голем број на македонски музичари, но и тројца еминентни гости од регионот.
Албумот „Незаборавни“ е составен од 11 преработки на македонски евергрини -„Анушка“, „Во бестрага“, „Едно срце имам душо“, „Ти само збориш“, „Лажи ме“, „Виолина и гитара“, „Сонце за три светови“, „Необичен круг“, „Еден бакнеж“, „Скопје“, „Сребрени улици“ и две бонус траки- „Како некогаш“, и „Птици“, од последните два фестивала „Охрид-фест“ и „Макфест“ каде Биба имаше настапи.
– „Мојот внук е мојата најголема поддршка. Долго време ме немаше со албум, и среќна сум што ова е првиот поп албум во оваа 2020 година. Подолго време немав желба и сила да запеам, но се сетив на мојата мајка која секогаш ми велеше дека треба да продолжам да пеам. Татко ми е тука, а мајка ми сигурно сега ме гледа од горе и се гордее што ја послушав. Продолжив да пеам поради неа, поради ќерка ми, татко ми, мојот внук, а заслужен за сево ова е мојот Баце Дојчин“, изјави Биба пред присутните.
Многу домашни музичари и професионални соработници дојдоа да ја поддржат Биба на промоцијата: Дарио, Александар Митевски, Џина Папас- Џокси, Григор Копров, Пере од Нокаут, текстописецот Огнен Неделковски и неговиот син, Филип Неделковски. Меѓу гостите беше и нашата редовна колумнистка, поетесата Ана Бунтеска, која е автор на текстот на песната „Како некогаш“, со која Биба лани победи на фестивалот „Охрид-фест“.
Настанот заврши со концертен настап на три од носечките нумери на новиот албум, за кој Додева и Дојчиновски најавија целовечерно концертно дружење во периодот кој следува.