Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Реализирани над 100 бесплатни обуки „Вештини за успех“ во рамки на платформата Youth Empowered на Пивара Скопје

Промо

Реализирани над 100 бесплатни обуки „Вештини за успех“ во рамки на платформата Youth Empowered на Пивара Скопје

Над 100 бесплатни обуки „Вештини за успех“ се реализирани во рамки на дигиталната платформа Youth Empowered на Пивара Скопје. Скоро 8000 млади и лица од ранливи категории ја имаат поминато обуката во просториите на Едукативниот центар на компанијата или по електронски пат, каде што имаа можност да ги усовршат своите комуникациски вештини, да стекнат знаења од областа на финансиите и деловното работење, да ги унапредат своите вештини за креирање на развојни планови и управување со проекти, да научат за ефикасно водење на преговори и продажба, како и за организација и ефективно управување со времето и ресурсите.

„Големиот интерес што го добиваме за бесплатните обуки „Вештини за успех“ ни покажува дека сме на вистинскиот пат кон реализација на нашите стратешки заложби за одржлив развој и поддршка на заедницата преку платформата Youth Empowered. Ме радува фактот што 50% од скоро 8-те илјади учесници кои ја поминале обуката се вработиле или основале сопствен бизнис. Преку обуката креираме дополнителни можности и перспективи за младите и лицата од ранливи категории, придонесуваме за зголемување на нивната вработливост и за развојот на претприемништвото во земјата. Како компанија свртена кон иднината, а мотивирани од досегашните резултати, продолжуваме заедно со нашите партнери да инвестираме во младите“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ја изрази својата поддршка за платформата Youth Empowered на Пивара Скопје, истакнувајќи ја важноста на вклученоста на општествено одоговорните компании во поддршка на младите во нивното позиционирање на пазарот на труд.

„Пивара како општествено одговорна компанија, веќе подолг временски период е поддржувач на најранливата категорија на граѓани во државата, а од неодамна е и верен соработник на Министерството за труд и социјална политика во остварување на акции, активности и идеи кои ги поттикнуваат најмладите кон благосостојба, ментално здравје со цел поголемо нивно вклучување на пазарот на трудот“ истакна Тренчевска.

„Ме радува што целокупната обука станува се подостапна за уште поголем број млади луѓе и содржи голем обем на практично знаење и искуства од клучните области на деловното работење. Тоа знаење и искуства на младите преку менторски пристап им го пренесуваат членови на менаџерскиот тим на Пивара Скопје и други водечки претставници од бизнисот, експерти од академската заедница, од јавните институции, како и од реномирани меѓународни организации, кои учествуваат во реализацијата на програмата, што секако е уникатна вредност за учесниците во обуките“, вели Зоран Костовски од компанијата за деловна едукација „Мотива“, која ја испорачува обуката и е долгогодишен партнер на Пивара Скопје.

Програмата „Вештини за успех“ е само еден сегмент од активностите на Едукативниот центар на Пивара Скопје кој функционира од 1997 година и е член на Европскиот совет за деловна едукација со седиште во Женева, Швајцарија.

Повеќе од Промо

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.