Промо
Шек Вес, Калкбренер, Нина, Хани Дижон и Соломун настапуваат за 20 годишнината на Егзит!
Своите настапи на големата прослава на 20 годишницата на двократниот европски фестивалски шампион, тукушто ги потврдија некои од клучните актери на светската електронска и трап сцена, од кои премиерно на ЕГЗИТ (EXIT) пристигнуваат Шек Вес, Хани Дижон и Пол ван Дајк, а покрај нив и Пол Калкбренер, Нина Кравиц како и Соломун, кој ексклузивно за Егзитовиот јубилеј гостува со својот специјален 4-часовен сет!
На Петроварадинската тврдина, тие ќе се придружат кон долгиот список со веќе објавените светски и регионални суперѕвезди како што се Тајга, Дејвид Гета, Диџеј Снејк, Ерик Приц б2б Фоур Тет, Борис Брејча, Сепултура, Метрономи, Марки Рамон, Лајбах и уште многу други. Централниот настан на обележувањето две децении на фестивалот ќе се одржи, во неговиот познат полн формат, од 8 до 11 јули со импресивна програма која ги повика дури 82% од фановите да ја покажат приврзаноста за Егзит, зачувувајќи ја својата влезница од 2020 за следното лето.
За прв пат на Егзит ќе настапи младиот рапер од Њујорк Шек Вес (Sheck Wes) чија нумера „Mo Bamba“ важи за еден од најголемите хип-хоп хитови во последните неколку години. Неговиот талент го препознаа и Травис Скот и Канје Вест, потпишувајќи ги неговите изданија, а зад себе веќе има соработки со ѕвездите на хип-хоп жанрот како што се Диџеј Снејк, 21 Севиџ, Лил Памп, Офсет и Гучи Мане. Премиерно на прославата за 20 годишнината на фестивалот ќе настапи и Хани Дижон (Honey Dijon), родена и порасната во Чикаго, домот на хаус музиката, кој е длабоко вкоренет во нејзиниот музички стил.
По бројните настапи во некои од најпознатите клубови ширум светот, оваа исклучително барана музичарка, продуцентка, модна икона и активистка ќе го донесе својот единствен звук и на Петроварадинската тврдина. И Пол Ван Дајк (Paul van Dyk) прв пат пристигнува на Егзит. Овој повеќекратен добитник на наградите за најдобар диџеј во светот и освојувач на Греми награди, ќе настапи следниот јули во живо на тврдината и во таа прилика ќе го претстави својот нов албум насловен „Guiding Light“. Покрај нив, во Нови Сад со свој настап се враќаат една од миленичките на локалната публика, техно кралицата Нина Кравиц, еден од најбараните светски продуценти Пол Калкбренер и уште еден миленик на ЕГЗИТ фановите, Соломун.