Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Слушнете ја „Хиена“ на Антониа Гиговска и „2 Бона“: Песната руши рекорди на слушаност, коментари пишуваат од целиот Балкан! (ВИДЕО)

Промо

Слушнете ја „Хиена“ на Антониа Гиговска и „2 Бона“: Песната руши рекорди на слушаност, коментари пишуваат од целиот Балкан! (ВИДЕО)

Новата песна на младата ѕвезда Антониа Гиговска и момците од „2Бона”, Тони и Кун руши рекорди на слушаност во нашата земјa. Нивната “Хиена” за само неколку дена на Јутјуб има повеќе од 330.000 прегледи.

По се изгледа нивната соработка се покажа како полн погодок, а коментарите за истата на социјалните мрежи не престанува да пристигнуваат. Особено изненадува фактот што под објавата пишуваат и фанови од скоро сите соседни земји, па дури и од Русија.

Ќе ви издвоиме само неколку од нив: „ Здраво од Русија. Продолжете да творите, браќа Балканци“, „Многу добра спојка сте тројцата, предобар спот, предобра песна“, „Антониа е симбиоза од светски потенцијал. Со ваков потенцијал не е фер светот да не те слушне“, „Пола песна не ја разбирам, но ова е совршено. Каква енергија во песна, каков вајб – поздрав од Хрватска“ – се само дел многуте коментари.

Ниту Антониа, ниту Тони и Кун не го кријат нивното задоволство за соработката, а велат и дека не се изненадени од бројките и позитивните реакции.

– Ме радуваат реакциите на публиката, секојдневно добивам пораки дека им се допаѓа, а истото се случува и кај Кун и Тони. Задоволни сме од целиот проект, Лазар си го направи своето, да бидам искрена јас очекував да биде прифатен целиот пакет – накусо ни изјави Гиговска.

Инаку автор на музиката и аранжманот е познатиот продуцент Лазар Цветковски, додека текстот го потпишуваат момците од „2 Бона“ и познатиот рапер Тајзи.

Како режисер на видеоспотот се потпишува младиот Томислав Живковиќ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.