Промо
Србија ги има Раста и Клинац, ние го имаме Давид – слушнете ја неговата нова песна (ВИДЕО)
Момчето од Велес за кое многумина предвидуваат балканска кариера, Давид Михајлов ја објави својата трета песна.
Таа носи наслов „Мој свет“, а како и за претходните две нумери: „Злато моје“ и „Моја мала“, Давид довербата и овој пат му ја довери на Темелко Андреев кој се потпишува како комплетен автор.
Се разбира и за оваа нова песна, Давид сними видеоспот кој е во режија на одличниот Владислав Гавриловски.
Трета негова песна и повторно на српски јазик, но Давид ветува дека следната на која веќе се работи ќе биде на мајчин јазик.
– Навистина вложивме доста труд во овој проект за да го добиеме тоа што го замисливме со мојата екипа. Нема да бидам скромен и ќе кажам дека се надминавме и поради тоа сум премногу благодарен на Темелко. Реакциите кои веќе ги добивам за новата песна се повеќе од одлични и ме мотивираат да продолжам да создавам нови песни. Инаку да, новата песна на која веќе се работи ќе биде на македонски јазик – вели младиот Давид.
Тој вели дека му одговааат споредбите со српската ѕвезда, но сепак двајцата имаат различни стилови.
– Ми одговараат споредбите со Раста, но јас ова што го правам е поразлично од неговата музика и целта ми е да оставам свој печат – ни изјави Михајлов.