Промо
Стефан подготвува изненадување за Денот на виното и љубовта
Македонскиот пејач кој своеволно го напушти најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски активно работи на нов авторски материјал со кој ќе ги израдува своите обожаватели.
Имено, пејачот веќе ја снимил својата нова песна со наслов „Остани со мене“ на која како автори се потпишуваат Александар Тарабунов (музика), Ванчо Тарабунов (текст) и Драган Ристовски (аранжман), а за истата деновиве ќе се снима и видеозапис.
– Големиот број на настапи, а до пред месец дена и учеството во „Ѕвездите на Гранд“ не ми оставаа слободно време за да се посветам на авторска музика и видеозаписи, па сега мислам е вистинско време за тоа. Новата песна заедно со видеозапис ќе ја објавам на 14-ти февруари, на Денот на виното и љубовта, најавува Величковски.
Во меѓувреме да се потсетиме на еден од неговите најдобри настапи на Гранд.
https://www.youtube.com/watch?v=DJbku3fRDiA