Промо
Свечен концерт по повод 1 000 години од основањето на Бигорскиот манастир во Филхармонија
Свечен концерт по повод големиот јубилеј на Бигорскиот Манастир – 1000 години од неговото основање, ќе се одржи на 23 септември во Големата сала на Филхармонијата.
Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат: Кристијан Антовски (баритон), Игор Милевски (виолина), Петар Христов (кларинет) и Тимко Чичаковски (канон).
На концертот ќе бидат изведени стари македонски изворни композиции.