„Своја“ – прв роман на Ирена Чаушевска напишан според вистинска приказна
Ирена Чаушевска е позната во јавноста како жена претприемач која над 10 години води сопствен бизнис, со-основач и директор е на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот, а веќе 8 години го организира и натпреварот за технолошки иновации NASA Space Apps Challenge.
Со издавањето на книгата „СВОЈА: За најважните работи во животот за кои никој не нѐ подготвува“, Ирена од минатата недела се вброи и меѓу македонските писатели. За ова кусо време СВОЈА допре до над стотина читатели, а според досегашните впечатоци станува збор за уникатно четиво кое треба да биде водилка за секоја девојка и жена на патот на остварување на личниот и професионален успех и среќа, и надминувањето и на најтешките животни предизвици и премрежја.
Книгата опфаќа неколку различни, но тесно поврзани сегменти и животни предизвици низ кои неминовно поминува секоја девојка и жена во својот развој, а за кои нема никаков формален или неформален прирачник и покрај нивното огромно влијание врз квалитетот на живот. Таков е изборот на блиските пријателства, на средно и високо образование, на првото вљубување, огромната улога на изборот на животен партнер врз среќата и менталното здравје, станувањето мајка, изборот на кариера како одредник на животниот стил и можностите за заработка, но и справувањето со неуспесите и загубите кои ги задава животот. СВОЈА ја покажува и можноста за целосна трансформација на жената и нов почеток доколку некои работи отишле во погрешна насока или едноставно не се повеќе тоа што го посакува.
Според авторката, СВОЈА има две главни цели. Првата е да превенира, односно да им помогне на помладите со очи широко отворени да чекорат низ животните предизвици, но и да најдат начин да ги надминат загубите, да не западнат во самосожалување и депресија и да се изборат за среќа. Втората е да поправи и да обнови, и е насочена кон малку повозрасните кои можеби веќе направиле некои погрешни избори во животот. Целта е да им покаже дека има светлина од другата страна на тунелот, и да ги насочи како повторно да го изградат својот живот во нова и многу поубава верзија.
Оваа книга е одлично четиво и за мајките на девојчиња кои се во формативен период од развојот, и ќе можат да ја искористат СВОЈА за подобро да ги препознаат битните моменти, и да се подготват себе си што поуспешно да ги поддржат на нивниот пат кон станувањето возрасни девојки и жени, и да ја избегнат опасноста поради определени погрешни избори да влезат во врска или брак со насилник, или пак да бидат заглавени во кариера која не е прилагодлива на барањата на новото време или во која не можат да се реализираат.
Дел од профитот од продажбата на книгата СВОЈА ќе биде наменет за поддршка на жени жртви на семејно насилство, и тоа не само за задоволување на нивните основни потреби, туку уште повеќе за создавање можности за нови извори на приходи и самостоен живот, преку вработување, самовработување и претприемништво. Д
ополнително, преку својата Фондација Голдилокс, авторката заедно со тимот ќе работи и во делот на вклучување на што повеќе млади девојки и жени, особено од руралните средини, во процесот на СТЕМ едукација и стекнување на претрпиемачки вештини, како начин да изградат поголема самодоверба и самостојност и помудро да ги носат клучните животни одлуки.