Промо
Уникатен концерт: „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ ќе ја спои џипси музиката со модерниот оркестарски израз
На 19 февруари во 20 часот, камерната сала на Македонската филхармонија ќе биде домаќин на музички спектакл кој ќе го обедини класичниот и џипси музички свет. Концертот, под наслов „Дијалози со Џанго Рајнхарт“, е организиран од Фејмс Институтот и ќе ја понуди магијата на џипси музиката во комбинација со современи оркестарски аранжмани.
Под диригентската палка на светски познатиот Тимоти Редмонд, публиката ќе ужива во уникатна програма која вклучува дела од Лист, Бизе, Брамс, Барток и други, но и современи композиции инспирирани од џипси музиката. Како солисти ќе настапат виолинистот Федерико Натан, гитаристот Жереми Шакр, и музичарите Јакопо Мезаноти, Иван Бејков и Филип Динев.