Промо
Велешаните во генот го имаат македонскиот стандарден јазик
„Се колнеме во тоа дека јазикот е нашиот идентитет и треба да ни биде прва работа токму писменоста“, вели лекторката Татјана Ефтимова во втората епизода од серијалот ТВ Такси 28 „Раѓање на зборот. Емисијата е посветена на значењето и заштитата на македонскиот јазик и идентитет како дел од богатата традиција, дел од нашето културно наследство, дел од нашиот идентитет, но и дел од заедничката европска иднина.
Обработени се различни аспекти на значењето на јазикот низ формите на комуникација, изразување, историја, па сѐ до денешните литературни дела кои нѐ претставуваат низ Европа.
„Бидејќи е времето такво, денеска навистина секој пишува и тој што е писмен и тој што не е писмен. Кога зборувам за писменост зборувам за елементарна писменост, а од неа произлегуваат сите други нивоа.“, истакнува Ефтимова.
Ако се прашувате како професионалец, кој лекторира дела на најпознати македонски современи автори, гледа на дијалектите ќе ве воодушеви ставот на Татјана. Зошто Велешаните во генот го имаат стандардниот јазик и што донесуваат Кумановците и Охриѓаните во македонската јазична приказна гледајте во епизода 2 од ТВ Такси 28