Викендов премиера на сериската македонска акција „Блекопс“
Новата македонска серија насловена како BLACK OPS, со огромна брзина го зголемува интересот кај фановите.
Актерска екипа, составена од Давид Мука, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов и многу други, овој викенд премиерно ќе ја внесат јавноста во неизвесниот свет на BLACK OPS, исполнет со уникатна форма на акцијата и драмата како жанрови.
Black Ops е серија која го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот. Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство. Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател.