МК Сцена
Промоција на документарниот филм „Битолските кафичи низ времето“
Не така одамна, Старата битолска чаршија беше сврталиште на младите во градот. Или можеби пак навистина беше одамна… Во 80-те и во 90-те, слободно може да се каже дека Битола беше авангарден град. Со авангардни луѓе, мисли и најважно – авангардни кафулиња за да има каде да се разменат тие мисли.
Оваа мисла ќе биде пренесена во документарниот филм „Битолските кафичи низ времето“ на Агим Џело, кој ќе биде промовиран денес во 21 часот во Порта Џез во рамките на Битфест.
Битолчани кои го почувствувале тој дух на градот сигурно не можат да го заборават џагорот кој навечер до доцните часови се слушаше во битолската стара чаршија, од Џуниор, од Рилакс.