Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Промоција на хумани вредности: В сабота цела Македонија ќе танцува на песната „Happy“

Интервју

Промоција на хумани вредности: В сабота цела Македонија ќе танцува на песната „Happy“

Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности, алатка од која младите 17 години по ред учат за културата на дијалог.

Екипата на Популарно.мк во посета на Црвениот крст на град Скопје, од каде всушност започнува оваа идеја за вклучување на младите со различна етничка припадност во заеднички проекти за изградба на взаемното разбирање, толеранцијата и културата на дијалог.

Наш соговорник беше Александра Ристовски, ПХВ координатор која од самиот почеток е вклучена во приказната за промоцијата на хумани вредности.

Секоја година обучуваме по 1200 нови волонтери на возраст од 14 до 18 години во целата држава. Мисијата на програмата е промовирање на културата на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество, промовирање на активно знаење и активен однос кон животот. Во циклусот на обука младите се стекнуваат со теоретски знаења и вредности во Црвениот крст, но добиваат и знаења за изработка на малите проекти за добробит на заедницата. И сетоа тоа преку искусен тим од 30 инструктори кои ја спроведуваат обуката, а дел од нив и се вклучени во активностите на локално ниво. Тие се позитивен пример на младинците, изјави Ристовски.

10703892_741756679227624_5217059665305696175_n[1]

ПРОЕКТ КОЈ ГО МЕНУВА СЕКОЈДНЕВИЕТО НА МЛАДИТЕ

Освен како проект за учење на различностите, ЦКА-ПХВ ги развива и организационите способности кај младите, ја поттикнува нивната креативност, активно ги вклучува во разни општествени сфери, ја зголемува нивната самодоверба и ги учи на одговорност. Сето тоа преку изработка на мали проекти кои младинците ги прават за помош на одредена целна група.

Оваа година се изработени 210 мали проекти преку кои им е директно помогнато на 4055 лица од страна на тие младинци на таа возраст. Тоа се фасцинантни бројки за нашето општество и бројки кои ни влеваат надеж дека нашата младина е посебна, дека знае и дека треба да се инвестира во нив, објаснува Александра.

Во период од 3 месеци овие младинци ја менуваат својата рутина. Поделени во тимови тие истражуваат на терен на кого и како да му помогнат. Се судираат со различни проблеми и тешкотии. Но најважно е тие да не се откажаат. Да ја реализираат својата идеја и да го направат проектот.

За нив не е секојдневие ако треба да контактираат со некој донатор, медиуми или ако треба да разговараат со некоја целна група. Сето тоа ги зајакнува нивните капацитети, самодоверба, учат вештини кои ќе им бидат потребни понатаму во животот. Стануваат сестрани и одговорни личност, личности какви му се потребни на нашето општество.

Проектите се најразлични, од изградба на рампи за лица со хендикеп, до реновирање на кровови на куќи на социјално загрозени семејства, описменување на лица, грижа за стари во зимскиот период па се до обиди за вработување на одредени лица.

НЕДЕЛА НА ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИТЕ ВРЕДНОСТИ 21-27 СЕПТЕМВРИ

Поттикнати од посветеното исполнување на стратешката цел од Стретегијата 2020 на Црвениот крст на Р.Македонија, промовирање на култура на ненасилство, мир и толеранција и потребата за дополнително ангажирање на младинците кои ги изготвуваат проектите во рамките на традиционалните календарски активности од пред три години е воведена нова недела, неделата за ПРОМОЦИЈАТА НА ХУМАНИТЕ ВРЕДНОСТИ, и тоа од 21-27 септември.

Во 2012 година во рамките на одбележувањето на оваа недела се реализираа театарски претстави по истоимениот филм “Погодете кој доаѓа на вечера”. Основата за сценариото во филмот ја прави приказната за млада девојка која се вљубува во момче од црна раса, но во контекстот на нашето општество во театарските претстави тоа беше некој кој е од различна верска припадност. 658 младинци беа дел од активностите, а 9624 гледачи ги видоа претставите со знакот на Црвениот крст.

Во 2013 година се реализираше „ПХВ ШОУ“ –настан преку кој се промовираше јазикот, културата, традицијата и музиката. Во рамките на реализацијата беа вклучени 863 младинциинволвирани во подготовката и изведбата додека претставите беа посетени од 6739 гледачи. Од продажба на карти беа собрани 165000 денари, кои беа искористени за менување на прозорци во затворот за малолетни деца во Охрид.

ОВАА ГОДИНА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТАНЦУВА НА ПЕСНАТА „HAPPY“

И некако секоја година се обидуваме да бидеме оргинални, но сепак унифицирани, па така оваа година се одлучивме за флеш моб.

Инструкциите младите го добија уште на финалната работилница и имаа за задача истите да ги пренесат по своите клубови. Се сними кореографија од професионален танчер од Белград, Ивана Илиќ Ивановски која понатаму ја танцувавме со тим од 10 лица. Така подготвениот материјал беше доставен до секоја Општинска организација на Црвен крст која имаше за задача да го кординира својот клуб.

Некаде околу 35 клубови се вклучени и околу 1200 младинци ќе бидат дел од овој настан. На секој плоштад, во секој град, со исти црвено бели бои, на иста песна со иста кореографија.

Мотото е Заедно танцуваме – заедно живееме.

Во Скопје во сабота младинците од сите клубови ќе танцуваат заедно на едно место, кај Ристиќевата палата, точно во 12.00 часот.

1911613_741756585894300_5694046690658562440_n[1]

ПЕСНАТА „HAPPY’ – СИМБОЛ НА СРЕЌАТА ДА СИ ДЕЛ ОД ЦРВЕНИОТ КРСТ

Среќа е да си дел од Движењето на Црвен крст и Црвената полумесечина. Организација која се обидува да ги ублажи страдањата во светот, како на глобално, така и на локално ниво.

Организација која не прави разлика по раса, боја или верска припадост. Организација која промовира култура на дијалог и пренесува порака за заедничка толеранција, дијалог и разбирање како единствен начин за гаранција на мирот.

| ФОТОГРАФИЈА: ИСКРА ЈАЧЕВА

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интервју

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.