Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Промоција на новиот албум на Жељко Јоксимовиќ во Македонија

МК Сцена

Промоција на новиот албум на Жељко Јоксимовиќ во Македонија

Најпопуларниот српски изведувач во моментов и единствениот човек кој што успеа комплетно да ја наполни спортската арена Филип Втори, Жељко Јоксимовиќ, после Хрватска, својата ексклузивна промоција на најновиот албум „Ѕвезда“ ја најави за Македонија.

Албумот со нови 11 песни по цена од 199 денари веќе се наоѓа низ музички продавници во Македонија како и низ продажната мрежа на МПМ.

Она што овој албум го прави посебен е песната со потпис на Лазар Цветковски за која Жељко изјави дека ја испеал на негово огромно задоволство.

– „Македонската нација од секогаш важела за најмузикална. За Лазар Цветковски сум слушнал многу убави работи. Запознаен сум со неговата работа и вистинско задоволство беше да се испее негово музичко парче. Јас сам за себе компонирам и продуцирам музика и се што можам да кажам за него е едно големо браво“ – изјави Јоксимовиќ.

Презадоволен е од тоа што успеал да го склопи за овој студиски албум но вели дека песната „Ѕвезда“ најверојатно ќе ја одбележи неговата музичка кариера.

Македонскиот застапник за музичкиот компакт диск со наслов „Ѕвезда“ на најпопуларниот српски изведувач во Србија, е Прагма Продукција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.