МК Сцена
Промоција на песната со која Калиопи ќе настапи на Евросонг
Песната „Дона“ со која Калиопи ќе настапи на 61. издание на Изборот на песна за Евровизија, што ќе се одржи во мај во Стокхолм, Шведска, ќе биде промовирана вечер во винскиот клуб Воденица.
Композитор на песната е Ромео Грил.
Калиопи по втор пат ќе настапи на најголемиот музички фестивал. Таа во 2012 година со песната „Црно и бело“ настапи на Евровизија во Баку, Азербејџан, и се пласираше на 13 место.