МК Сцена
Промовиран романот „Бездомникот со златен часовник”
Вчеравечер на Булеварот на книгите се промовираше романот за 2015-та година, ,,Бездомникот со Златен часовник”, на младата и талентирана авторка, Верче Карафилоска.
,,Ова е романот кој долго време го пишував и среќна сум што конечно е помеѓу читателите. Среќна сум што првите импресии на оние кои ја купија книгата се позитивни и задоволна сум од критиките кои ги добив. Роман во кој ги покажува нештата онакви какви што се, со едно основно прашање, колку чини еден дом?” – изјави Верче Карафилоска, автор на книгата ,,Бездомникот со златен часовник”
Многу пријатели, гости и професори ја почестија Верче со своето присуство и беа дел од синоќешната промоција на која авторката потпишуваше книги и која беше еден вид на прослава и забава на која се наздравуваше и забавуваше.
Ова е роман кој е сведоштво за скршени животи, роман кој што го одбележи патот кој човек го минува од кал до ветениот подем и претставува крпа со која се брише лажниот сјај на богатството и ги покажува нештата онакви какви што навистина се.
Романот ги крие одговорите на прашањата ,,Колку чини еден дом?” ,,Колку гревови бедомникот со златен часовник е подготвен да плати?” и останати круцијални прашања за кои оваа книга крие одговори.
Бездомникот со златен часовник е веќе во продажба во Клуб Матица.