Промо
Промовирана новата песна на Сара Мејс насловена „Пеперутки“
Вчеравечер социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од пеперутки, надополнети со хаштаг, наскоро пеперутки. Многу познати личности, но и луѓе кои едноставно се приклучија кон останатите фотографии, ја разбудија својата креатива и бараа најразлични пеперутки за ги украсат своите ѕидови.
Всушност не стануваше збор, за било каква комерцијална кампања на некоја компанија, туку за најавата на новиот сингл на младата Сара Мејс, која секогаш сака на различен начин да ги изненади оние кои ја сакаат нејзината музика.
Имено, денеска на јутјуб каналот се појави нејзиниот нов сингл за кој Сара вели дека е поврзан со будењето на целата природа околу нас.
„На сите нам кога ќе ни се споменат пеперутки во стомакот, нè асоцира на љубов и убави емоции. Делумно, тоа е и дел од оваа песна, но целта овојпат ми беше да ги пренесам сите емоции кои ги чуствувам во овој период од годината. Некако сè се буди, сè е разиграно, весело и изнудува чуство на среќа. Истите овие емоции сакам да ги почуствуваат сите кои ја слушаат песната и да ги разбудат пеперутките во себе“ – вели Сара Мејс за нејзиниот нов сингл кој е насловен Пеперутки.
Музиката е дело на Сара Мејс и Драган Гоцевски, текстот е на Сара, а за аранжманот се погрижи Трајко Симоновски – Таци.
За овој сингл од Горила продукција велат дека наскоро ќе има и видео, кое е во процес на снимање, а благодарение на Министерството за култура, овој нов проект на Сара доби и субвенции.