МК Сцена
ПРВА ПРОБА НА КАЛИОПИ: Вака звучи „Дона“ на евровизиската сцена во Стокхолм (ФОТО+ВИДЕО)
Македонската претставничка на годинешниот избор за песна на Евросонг, Калиопи и евровизискиот тим од македонската делегација пред неколку дена пристигнаа во Стокхолм, Шведска, каде годинава ќе се одржи 61. издание на „Евровизија“.
Во „Ериксон глоуб“ арената денеска се одржаа и првите проби за фестивалот кој почнува на 10 мај. Македонскиот тим настапува во второто полуфинале, на 12-ти, а големото финале е два дена подоцна.
Во продолжение слушнете го првиот настап и погледнете ги ексклузивните фотографии од нашата „Бела Дона“.