Прво интервју на Тревис Скот по трагедијата на неговиот концерт (ВИДЕО)
Раперот Тревис Скот (30) изјави дека не ги забележал посетителите на концертот кои молат за помош, за време на неговото прво интервју по трагедијата на Astroworld, во која загинаа 10 фанови, а стотици беа повредени.
Во текот на едночасовното интервју со Charlamagne tha God , водителот на радио емисијата Breakfast Club, Скот беше сериозен и вознемирен. Тој рече дека не знаел за ништо лошо додека не се свика прес-конференција по неговиот сет.
Кога водителот ги спомна сведоштвата за посетителите на концертот кои молат за помош меѓу песните, раперот рече дека би го прекинал својот настап доколку бил свесен.
-Јас сум артист кој би го прекинал настапот доколку знаев дека фановите се во опасност. Секојпат кога ќе слушнете нешто такво, ќе прекинете со концертот. Ќе сакате да се осигурите дека фановите ја добиваат потребната помош. Но јас не го слушнав нивното викање – изјави момчето на Кајли Џенер.
Скот двапати го прекина шоуто, еднаш за да повика обезбедување да му помогне на посетителот кој се онесвестил, но рече дека бучавата и пиротехничките средства му го одвлекувале вниманието од она што се случува во публиката.
– Секогаш сакате да бидете сигурни дека вашите обожаватели го добиваат целото внимание. Неколку пати го прекинував настапот за да се уверам дека сите се добро. И навистина само се занесувам од енергијата на фановите. Едноставно не слушнав што се случува – рече тој.
Осумкратно номиниран за Греми, Скот е познат по концертите со висока енергија што ги поттикнува фановите да „беснеат“. Но, во Хјустон возбудата очигледно зовре. Пред шоуто, на социјалните мрежи беше во тренд видеото од посетители кои се газат еден со друг додека ги надминуваат безбедносните бариери и ги заобиколуваат областите на контролните пунктови.
Неколку семејства на загинатите го отфрлија обидот на Скот да плати за погребот. Скот рече дека е „уништен“ од овој настан и нивната смрт. Скот во понеделникот повика 11 случаи против него да бидат „отфрлени со предрасуди“, објави Инсајдер.
Скот беше именуван за обвинет во повеќе од 200 судски процеси, од кои многумина го наведоа за „небрежност“ и „поттикнување насилство“. Една адвокатска фирма со седиште во Хјустон, која застапува повеќе од 1.500 членови на публиката, бара отштета од 10 милијарди долари.