Сцена
Радио Бубамара го објави постерот за годинашната „Златна бубамара“ (ФОТО)
Радио Бубамара го обзнани новиот постер за 23 издание на нашата најпопуларна и најочекувана манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кој го изработи познатиот цртач Ивица Спасовски кој исто така и во 2013 година го изработи и популарниот постер за 16 издание.
Во духот на слоганот за оваа година „Нема Правда , има Бубамара“ постерот на 23 издание отсликува еден дел од настаните од изминатата година, а за најубавите моменти ќе се погрижат најголемите уметници, спортисти и музички имиња кои заедно со екипата на Бубамара подготвуваат незаборавно шоу кое ќе се памети во наредните децении .
Празникот на смеата, убавата и чиста мисла оваа година се паѓа во четврток на 27 февруари.
Во меѓувреме од Радио Бубамара ни порачуваат да дишеме еколошко гориво, читаме лажни вести и се ќе биде ОК.
Наскоро ќе има информација за билетите – продолжете да слушате 105.2