Сцена
Разголени фотографии на Хуан Монако и неговата девојка го преплавија интернетот
Познатиот аргентински тенисер Хуан Монако и неговата девојка, манекенката Пампита Ардохан се фотографирале целосно голи и тие фотографиите некако завршија на интернет.
Хуан и Пампита направиле неколку селфи фотографии пред огледало, внимателно покривајќи ги „стратешките делови“ на телата.
Откако фотографиите го преплавија интернетот, Пампита се огласи на Твитер.
– Што се однесува до фотографиите кои се вртат на интенет, сакаме само да ви кажеме дека тие не се автентични. Ве молам немојте повеќе да користите фотошоп, напиша манекенката.
Додека некои тврдат дека навистина станува за монтажа, има и други кои сметаат дека 32-годишниот тенисер намерно ги пуштил фотографиите заради публицитет.