МК Сцена
Разиграна забава со танц и музика овој четврток на базен Аеродром
Овој четврток, на 16-ти јули, на Базен Аеродром ќе се случува една сосема поинаква и разиграна забава.
Со почеток од 12 часот на пладне, па се’ до 16 часот сите посетители и присутни ќе може да уживаат во звуците на кубанската, латино и ча-ча звуците заедно со триото Cubano Soy кои со својот начин на игра и танцување никого нема да остават рамнодушен.
Ова танц трио, Cubano Soy, кои импресионираат со своето танцување и начин на игра, во четврток ќе ги разиграат и расположат сите оние кои ќе решат вториот дел од своето работно време да го поминат на Базен Аеродром.
Одлична можност и шанса за разладување, опуштање, забава, игра, танц и музика која импресионира и остава без здив.
Базен Аеродром е локација на која може комплетно да се ужива, така што покрај пливањето и сончањето, во четврток ќе се танцува и забавува со Cubano Soy . Освен тоа, сите пристутни ќе може да пробаат по некој од специјалитетите на летната бавча ,,Фирма” во комплексот на базенот, или да се разладат со ладен пијалок или неодолив коктел од останатите барови за разладување кои работат во склоп на Базен Аеродром.
Она што ќе се случува овој четврток, а за кое ќе се зборува во текот на целото лето не смее да се пропушти.
Сите љубители на водата, сончањето, кубанската музика и танци да се подготват и дојдат на забавата во четврток на 16-ти јуни во 12 часот, затоа што ова е настан кој ќе биде вистинско освежување за сите граѓани.