Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

РЕКОРДОТ Е СРУШЕН: 195.000 луѓе го посетија Егзит! (ФОТО)

Музика

РЕКОРДОТ Е СРУШЕН: 195.000 луѓе го посетија Егзит! (ФОТО)

Во текот на четирите фестивалски дена и ноќи, на Петроварадинската тврдина се случи вистинската Егзит магија која донесе неверојатни 195.000 посетители!

Последната ноќ е поместен рекордот за дневна посета на тврдината, дури 55.000 луѓе ги поминале магичните капии на Петроварадин и си го заземале местото пред главните бини, а забавата на последниот ден траеше до 8 часот во утрото.

Wiz Khalifa само го потврди статусот на најголем рапер на денешницата, со тоа што направи шоу само како што можат да направат артисти што се на врвот на нивната кариера, чија харизма во еден момент направи пауза за публиката да аплаудира и да го скандира неговото име скоро пет минути без престан!

DSC_0097

Кулминацијата на емоции, интерзитет и длабок однос кон публиката кои The Prodigy го имаа, на кој како што рекоа нивен омилен фестивал, само ја потврди нивната моќ.

Од моментот кога енергично истрчаа на бината и дивјачки започнаа со песната “Breathe“, публиката се соедини и скокаше во еден ритам, додека наоколу летаа разни предмети и прскаше со вода и пиво. На главната бина грмеа “Firestarter”, “Smack My Bitch Up”, “Omen”, а Liam, Keith и Maxim направија Егзит луѓето да бидат навистина магични луѓе.

1468227188Prodigy

Главната бина го распамети и сопственикот на наградата Мобо, Stormzy, кој на публиката и пренесе – „Србија, ова е историски момент, луѓето ќе се сеќаваат на ова што се случи вечерва!“

Екипата на Популарно.мк се враќа во Скопје со богати импресии и сеќавања кои ќе траат уште многу долго, а Егзит авантурата продолжува веќе во четврток, на најубавата Јаз плажа во Црна Гора, со фестивалот Си Денс.

1468226632Glavna_binaDSC_01941468227188ProdigyDSC_0120DSC_0097DSC_0036DSC_0040DSC_0056DSC_0060DSC_0068DSC_0031DSC_0028DSC_0024DSC_0019
<
>

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.