Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Режисерот на „Емилија Перез“ за ѕвездата на филмот: „Не повреди, нека ја преземе одговорноста“

Сцена

Режисерот на „Емилија Перез“ за ѕвездата на филмот: „Не повреди, нека ја преземе одговорноста“

Карла Софија Гаскон, ѕвездата на филмот „Емилија Перез“, е на удар на критики откако протекоа нејзините стари твитови, во кои таа, меѓу другото, дава навредливи коментари за исламот, црнците, ЛГБТ заедницата, па дури и за Оскарите.

Овие стари објави доведоа до тоа Нетфликс да ја отстрани од својата главна кампања за Оскар, а Карла Софија нема да учествува, како што беше планирано, на разни доделување на награди и останати настани пред Оскарите. „Емилија Перез“, инаку, оваа година ги предводи номинациите, со вкупно 13 номинации за Оскар.

Маркетинг

Сега се огласи и режисерот на филмот Жак Аудиар, кој откри дали е во контакт со актерката и што мисли за оваа ситуација. Тој рече дека е многу тажен што нејзините твитови го засениле филмот и неговиот досегашен успех.

„Многу ми е тешко кога ќе се сетам на работата со Карла Софија. Имаше извонредна атмосфера на снимањето и навистина се засноваше на доверба. Кога имате таков однос и одеднаш ќе прочитате што напишала таа личност, работи кои се апсолутно полни со омраза, се разбира дека тој однос е нарушен. Тоа е како да сте паднале во дупка. Она што го кажа Карла Софија е непростливо“, изјави режисерот за Deadline.

„Не сум разговарал со неа и не сакам. Таа има самоуништувачки пристап во кој не можам да се мешам и навистина не разбирам зошто таа продолжува да го прави тоа. Зошто се повредува себеси? Зошто? Не го разбирам тоа и не разбирам зошто ги повредува луѓето кои беа многу блиски со неа. Размислувам за тоа колку таа ги повреди другите, екипата и сите овие луѓе кои работеа на филмот. Мислам на себе, на Зои Салдана и Селена Гомез. Не разбирам зошто таа продолжува да ни наштетува“, продолжува Аудиар.

„Нема да стапам во контакт со неа бидејќи сега и треба простор да размисли и да преземе одговорност за своите постапки“, заклучил тој.

Францускиот режисер рече дека ќе учествува на преостанатите настани во Холивуд, заедно со другите ѕвезди од филмот, освен Гаскон. „Дефинитивно ќе учествувам, но тажен сум. Бев полн со ентузијазам, а сега има тага со која се бориме. Ако некои работи не се јасни, ќе треба да ги разјасниме, ќе потрошиме време во одбрана на нашиот филм“, рече тој.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.