Сцена
Ријана го тужи татко ѝ за користење на нејзиното име
Популарната пејачка Ријана го тужи татко ѝ Роналд Фенти бидејќи го користел нејзиното име за да му тргне во неговиот бизнис, објави BBC.
Ријана тврди дека Фенти и неговиот деловен партнер лажеле дека и таа има врска со нивната компанија Fenty Entertainment. Со тоа, ја излажале јавноста и му наштетиле на нејзиниот бизнис бренд Fenty, стои во тужбата.
Пејачката од судот побара да му се забрани на Fenty Entertainment да го користи името на нејзиниот бренд Fenty за кое таа има право на сопственост.
Ријана е во лоши односи со татко ѝ кој компанијата ја основал во Калифорнија во 2007 година со неговиот деловен партнер Моузес Перкинс.
На веб-страницата на компанијата тое лани објавиле дека имаат соработка со Ријана, иако таа воопшто не учествувала во бизнисот.
Fenty Entertainment исто така преговарале за 15 настапи на Ријана во Латинска Америка вредни 15 милиони долари, без нејзина согласност и знаење, што е исто така наведено во тужбата.