Сцена
Ријана: Секогаш ќе го сакам Крис Браун
Ријана објасни зошто му простила на поранешното момче Крис Браун (26) кој ја претепа во автомобилот во 2009 година.
Раперот тогаш беше осуден на пет години условна затворска казна и шест месеци добротоворна работа и не смееше да се доближи на пејачката на најмалку 100 метри.
– Се грижам за него и така ќе биде додека не умрам, вели Ријана (27).
Не сакаше да прекине со Браун по инцидентот, затоа што се обидуваше да му помогне да се откаже од насилството.
– Јас премногу го штитев од другите луѓе, па на крајот самата себе си станав непријател, затоа што луѓето не ме разбрираа, рече пејачката.