Промо
Ричи Хотин, Џекмастер и Хот Синс 82 за најсилното издание на ЕГЗИТ Денс Арена!
Ричи Хотин (Richie Hawtin), еден од најголемите електронски уметници на сите времиња ќе настапи на „Денс Арена“ во недела, на 10 јули на „ЕГЗИТ“ фестивал. Тоа ќе биде глобална премиера на неговиот целосно нов, револуционерен настап во живо, кој ќе се одржи ексклузивно на „Егзит“.
Техно иконата и револуционерот, заслужен за популаризација на електронската музика и бројните технолошки иновации, соработува со продукцискиот тим на „ЕГЗИТ“ фестивал уште од октомври минатата година, за сите креативни и технички детали, кои ќе бидат дополнително објавени на глобално ниво.
На светски фамозната „Денс Арена“, своето присуство на 9 јули го потврди и британската диџеј сензација „Хот Синс 82“ (Hot Since 82), додека листата на изведувачи за петок 8 јули ја засилува и еден од петте првопласирани на „Резидент Адвајзор“ (Resident Advisor) листата, шкотскиот диџеј и продуцент „Џекмастер“ (Jackmaster). Новата генерација на популарни продуценти ќе ја претставува и лондонскиот тандем „МАНТ“ (MANT)!
Ричи Хотин е клучната личност на модерната електронска музика, истакнат иноватор и креатор на една од централните техно етикети „Мајнус“ (Minus), но и култната „Плус 8“ (Plus 8). Хотин во 2014 година, го обнови и славното алтер-его „Пластикмен“ (Plastikman) и го објави новиот албум „EX“, воедно и прво издание од 2003 година. Вистинскиот револуционер, Хотин е заслужен за популарицазијата на техно музиката, како и за развојот на денешните технолошки алатки кои ги користат водечките диџеј ѕвезди, а неодамна со компанијата „Ален & Хит“ (Allen & Heath) ја креираше новата миксета за која многумина тврдат деќа ќе предизвика нова револуција на диџеј сцената.
Хедлајнерот на најголемите електронски бини, Далеј Педли (Daley Padley) повеќе познат како „Хот Синс 82“, ги освои срцата на клупската андерграунд сцена со дебитантското издание за успешната „Нуар Мјузик“ (Noir Music), по што го доживеа успехот кој „Миксмаг“ (Mixmag) најдобро го опиша како „метеорски“. „Џекмастер“, неверојатно талентираниот шкотски хаус продуцент, ја освои светската сцена исклучително брзо и се позиционира како еден од водечките диск-џокеи на многу конкурентната сцена, претекнувајќи ги на „Резидент Адвајзор“ листата некои од најголемите ѕвезди на сите времиња. Шкотскиот мајстор чие име е инспирирано од т.н. „jacking“ школа на чикашкиот хаус звук, на „Денс Арена“ ќе го донесе својот разновиден сет кој содржи сѐ од заборавените класики до најсвежите клупски хитови.
“Денс Арена“ полека ја комплетира интернационалната програма за веројатно своето најсилно издание, а на оваа сцена на „Егзит“ своите најдобри сетови од 7 до 10 јули ги потврдија денешните лидери на светската електронска сцена: Дејв Кларк, Димитри Вегас & Лајк Мајк, „Дисајплс“, Федер, Хернан Катанео б2б Хенри Саиз, „Хот Синс 82“, Џекмастер, Џејмс Забиела, „МАНТ“, Марко Карола, „Мајнд Агеинст“, Ники Ромеро, Нина Кравиц, Ричи Хотин, Робин Шулц, Сем Фелдт иСоломун. Наскоро ќе бидат објавени и новите интернациони и регионални изненадувања, а фановите ги очекува и овогодишната листа на резиденти на „Денс Арена“.
Отворена е и омилената акција на „ЕГЗИТ“ фановите: 4+1!
Покрената е омилената акција на „ЕГЗИТ“ фановите во која друштвото кое заедно купува четиридневни влезници за „ЕГЗИТ“, тридневни за „СИ ДЕНС“ или за целата „ЕГЗИТ Авантура“, петтата влезница ја добиваат на подарок! Сите пет влезници мора да бидат исти, па комбинирањето на влезниците не е можно во оваа акција.
Влезниците за „Егзит“ и „Си Денс“ се продаваат по цена од 3.850 денари, односно 2.540 денари, додека целата „Егзит Авантура“ чини само 4.250 денари. Влезниците се достапни во Македонија преку www.mktickets.mk и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 ка). „Егзит“ фестивал ќе се одржи оваа година од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина, а потоа „Егзит Авантурата“ патува на Јадранско море поради третиот „Си Денс“ фестивал од 14 до 16 јули.