Музика
Роби Вилијамс ќе настапи на отворањето на Светското првенство во Русија
Британскиот пејач Роби Вилијамс ќе настапи на церемонијата по повод отворањето на Светското првенство во Русија.
Вилијамс најави дека ќе направи незаборавен спектакл. Тој истакна дека е среќен и дека овој настап е исполнување на неговите детски соништа.
На свеченоста, која ќе се одржи пред првиот натпревар на Мундијалот меѓу Русија и Саудиска Арабија, ќе го придржуваат руската оперска пејачка Аида Гарифулина и поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Роналдо.
Поранешниот бразилски фудбалер истакна дека првиот натпревар од Мундијалите е секогаш симболичен.