„Ролинг Стоунс“ својот прв настап во 2021 го посветија на Чарли Вотс
Легендарните „Rolling Stones“ неодамна го оддржаа првиот концерт по смртта на долгогодишниот тапанар на бендот Чарли Вотс.
Настапот за загревање пред планираната турнеја се одржа на стадионот „Massachusetts Gillette“ во Масачусетс , пред публика од околу 300 луѓе.
За време на настапот Мик Џегер се потсетил на покојниот тапанар и рече дека концертот му е посветен нему.
-Ова е наш прв концерт на турнејата во 2021 година. Ова е проба, наше деби. Морам да кажам дека ова е малку трогателна ноќ за нас, бидејќи ова е прва турнеја што ќе ја направиме во последните 59 години без нашиот сакан Чарли Вотс. На сите толку многу ни недостига како дел од бендот, како пријател на и надвор од сцената – рече Џегер.
-Имаме толку многу спомени за Чарли и сигурен сум дека ги имате и вие. Се надевам дека ќе го паметите исто како и ние. Сакаме да го посветиме овој концерт на Чарли – додаде тој.
Чарли Вотс почина на 80-годишна возраст во болница во Лондон, опкружен со своето семејство. Вотс претходно беше лекуван од рак на грлото во 2004 година.