МК Сцена
Романтична предновогодишна вечер со „Џипси кингс“ во Скопје (ФОТО)
„Циганските кралеви“ одржаа предновогодишна вечер во името на љубовта во ВИП арената во Скопје.Долгонајавуваниот концертен спектакл „All you need is love“ кулминираше со целовечерен сплет од звуците на фламенко, салса и поп на „Џипси кингс“, збогатени со призвукот на македонската етно музика на бендовите „Баклава“ и „Чалгија саунд систем“.
Иако беа беспрекорни, македонските бендови сепак предизвикаа нервоза кај публиката која со нетрпение го очекуваше шармот на Французите со кои всушност и беше најавен овој концерт.
„Џипси кингс“ на бината се појавија околу 11 часот, скоро два часа од стартот на концетот, но со себе ја понесоа позитивната енергија и романтичниот дух кој веднаш ја освои публиката и приредија романтична предновогодишна вечер за уживање.
Публиката заигра на „Bem, Bem Maria“, заплакаа на љубовните стихови на „циганските кралеви“, но сите заедно полудеа на ритамот на „Djobi Djoba“, но и на поновите преработки на песните „Despasito“ и „Bailando“.
Во продолжение погледнете дел од атмосферата: